Шекеринска: Изјавата на Меркел е потврда дека сме на прав пат и можеме
Таа запраша каде е сега ВМРО ДПМНЕ барем со кисела насмевка да удри барем еден аплауз, откако го пропуштија оној за НАТО.
Потпретседателката на СДСМ – Радмила Шекеринска вечерва говорејќи на граѓанската трибина во Ростуше се осврна на денешната изјава на канцеларката Меркел за отворањето на првите поглавја помеѓу нашата земја и Европската Унија.
– Оваа година драги пријатели ја направивме навистина да биде историска. Станавме членка на НАТО, после 30 години зборување ние кажавме зборот е збор и ние веќе сме НАТО. Зборот е збор и ние годинава го добивме почетокот на преговори со ЕУ – рече Шекеринска.
Таа запраша каде е сега ВМРО ДПМНЕ барем со кисела насмевка да удри барем еден аплауз, откако го пропуштија оној за НАТО.
– Ама како вели нашиот народ, дозволи им на ушите да го чујат тоа што сакаат е очигледно ова е тоа што ВМРО ДПМНЕ не сака да го чуе бидејќи не посакуваат добри вести за државата туку посакуваат само себични вести за себе и својот тесен круг на луѓе – вели Потпретседателката на СДСМ.
Денес се покажува дека нашата политика на добрососедство, на решавање на проблемите дома, на соживот и едно општество за сите не прави сите заедно посилни. Направивме темел на оваа држава без кој не е возможна нејзината стабилност.