Шекеринска: Армијата ќе биде секаде кадешто е потребно, полската болница во близина на Инфективната клиника
Втора задача на АРМ е заедничко учество на мобилни екипи кои ќе спроведуваат проверка на влез и излез од населените места и контролни точки во реоните, согласно дополнителната уредба за заеднички тимови кои ќе вршат и конрола на полицискиот час, но и на самоизолација. И ако мерките не се не почитуваат веднаш ќе се преземат мерки и тие лица ќе се упатат во државен карантин - рече Шекеринска.
Од вчера и официјално нашата Армија многу директно ќе се вклучи во поддршка на сите државни институиции на првата линија на одбраната во справување со последиците на коронавируост, ќе бидеме и во одбрана на здравјето на најмилите. Припадниците на АРМ ќе бидат секаде кадешто е потребно. Согласно Уредбата од Владата, на АРМ и се дава обврска да биде поддршка, особено на полицијата и на разни државни органи – изјави денеска на прес-конференција заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска.
Формиран е Оперативен штаб за тоа како АРМ ќе и асистира на полицијата.
– Три задачи има сега Армијата – целосно преземање на контролата на граничната линија, но не значи дека војници ќе ги контролираат граничните премини, туку целата „зелена линија“ ќе биде под надзор на АРМ за да се спречат нелегалните преминувања. Втора задача на АРМ е заедничко учество на мобилни екипи кои ќе спроведуваат проверка на влез и излез од населените места и контролни точки во реоните, согласно дополнителната уредба за заеднички тимови кои ќе вршат и конрола на полицискиот час, но и на самоизолација. И ако мерките не се не почитуваат веднаш ќе се преземат мерки и тие лица ќе се упатат во државен карантин. И трето во овој период АРМ ќе врши физичко обезбедување на виталните објекти – Собрание, Влада но и затвори за да обезбедиме никој да не се грижи дали затворите се под контрола или не. Но пипадниците на АРМ нема да се затворска полиција – изјави Шекеринска.
Таа додаде дека АРМ ќе фукнционира исклучиво во комбинирани тимови со полиција, бидејќи тие се обучени за цивилни закани, а подршка АРМ ќе им дава со опрема и луѓе.
– Полската болница ќе биде во функција на јавното здравство и ќе се лоцира во близина на Инфективната клиника, како поддршка на јавното здравство – вели Шекеринска.