Шехерезад и Онур станаа родители вторпат

661

Турската актерка Бергузар Корел или попозната како Шехерезад и актерот Халит Ергенч, попознат како Онур, од серијата „1001 ноќ“, станаа родители по вторпат.

Бергузар завчера роди здраво машко дете кое го доби името Хан. Породувањето поминало во најдобар ред, пренесуваат турските медиуми.






Славниот пар е едни од ретките турски актери кои секогаш се расположени да позираат пред медиумите или со фановите, но резервирани се за откривање детали околку приоватноста.

Така што, сѐ до завчера не беше познато кој е полот на бебето кое го очекуваа. Бергузар и Халит нивниот прв син Али го добија пред 9 години.

Бергузар изминатите месеци беше доста присутна на јавни настани, а за еден магазин се фотографираше и со гол труднички стомак.

Поврзани содржини