Шефот на злогласниот мексикански нарко картел „Лос Зетас“, Моис Ескамила Меј, наречен „Дебелиот Меј“, почина во најзаштитениот затвор во Мексико, Халиско, како последица на зараза со ковид-19.
Ескамила (45) издржуваше казна затвор во траење од 37 години за голем број кривични дела, вклучително и за обезглавувањето на 12 лица на полуостровот Јукатан. Тој беше уапсен во 2008 година, а коронавирусот му беше дијагностицоиран два дена пред да умре од респираторни проблеми.
Локалните медиуми јавуваат дека во затворот се заразени стотици затвореници.
„Лос Зетас“ е еден од најстарите и најголемите картели со центар во славното одморалиште Канкун.