Шефот на кабинетот на Шилегов го навредуваше Горан Стефановски, твитерџиите збеснаа: „Колку си ти мал во споредба со Горан“
„Национализам. Ама здрав. Својствен за гастербајтер што мора да се докаже дека е постар и побогат од своите домаќини. Полн спорнк историски факти” – напиша Никола Наумоски на Твитер.
Шефот на кабинетот на Град Скопје, Никола Наумоски, на Твитер напиша дека великанот на македонската драматургија Горан Стефановски е националист и гастербајтер, којшто морал да се докажува дека е постар и побогат од своите домаќини.
„Национализам. Ама здрав. Својствен за гастербајтер што мора да се докаже дека е постар и побогат од своите домаќини. Полн спорнк историски факти” – напиша Наумоски.
Тој алудираше на познатата изрека на Горан Стефановски, за која тврди дека изобилува со спорни историски факти: „Не можете вие да барате од мене да не се чувствувам како дел на најдлабокиот и најстар свет, кога Хераклеја ми е дома, кога Охрид ми е дома, кога Виа Игнација, единствениот автопат што постоел во Европа меѓу 5 и 15 век минувал покрај куќата на баба ми во Битола. Не може баш сè да е кај вас, а баш ништо да не е кај нас“.
На ваквата негова објава остро реагираа твитерџиите, кои, меѓу другото, бараат од скопскиот градоначалник Петре Шилегов да го санкционира ваквото недолично однесување на Наумоски.
Во продолжение ви пренесуваме дел од коментарите под објавата на Наумоски:
— Q.Тарантино (@hanslanda09) April 28, 2021
Ај ова генерализацијава за гастарбајтериве, ама “спорни историски факти?”
Уште со овие woke, new age, космополитански срања? Дур сте вие “gragjani na svetot” некој си ровари и ќе останеме без држава.— TheMilkMan (@MilkMan903) April 28, 2021
Кога ќе исчезне вашиов болен автошовинизам од политичкава сцена ќе частам по кафани до последниот денар и евро. Ебаве малоумини…
— Фелдмаршал Игорче Развигорче (@Igor_rujo) April 28, 2021
Шо е спорно у напишаното од Горан? Полека но сигурно си доаѓате на Вашиот надмен однос после кој треснувате јако на земја. Продолжете со исмевање на Македонците.
Ќе ве биде бе 😀
— Meow (@Macolot1) April 28, 2021
Охрид,Хераклеа и Битола се во Македонија а Виа Игнациа поминува низ МКД што е историски спорно??
— Kayzer Söze (@Baraccudas) April 28, 2021
Лоботомиран северЏан. На оваквите светки Либерали ‘се што е македонско им е непријателско. Најголемо зло на една земја и нација се нејзините изроди!
— Владко_Нико (@Vlatko_Niko) April 28, 2021
Колку си ти мал во споредба со Горан.
— ngc224 (@dropDtuningg) April 28, 2021
Греота е зборовите на Г Стефановски да ги извртуваш и да му препишуваш “спорни историски факти” . За тебе и таквите има други, исто така негови:
“И се Прди на Европа за вас”
“подобро на камен да го истурев”
“зборови нема да ве истажам, колку сте за жалење”— KoToTamoPeva (@VladimirJosifo1) April 28, 2021