Познатата водителка и комичарка Елен Деџенерис (61) која го води шоуто „The Ellen Show“ стана предмет на истрага по бројните тврдења на нејзините вработени за злоупотребување на работното место од страна на извршните продуценти.
Внатрешната истрага ја започнува групата за односи со вработените сопственици „WBTV“ и „Warner Media“, со цел да се утврди вистината за шокантните наводи.
На вработените им се испратени писма во кои се известуваат дека ќе бидат сослушувани. Истрагата беше поттикната од нивните јавни признанија и наводи за малтретирање, расистички испади и заплашувања од страна на 62-годишната водителка. Меѓутоа, засега не е официјално обвинета.
Најмногу обвинувања биле насочени кон тројцата извршни продуценти, Ед Главин, Мери Конели и Енди Ласнер.
– Проблемот е што тројцата извршни продуценти, кои се надредени на сите овие луѓе, ги малтретираат луѓето и ги злоупотребуваат на нивното работно место. Тие сметаат дека секој што работи за „Шоуто на Елен“ треба да се чувствува најсреќен во светот и ако некој не е задоволен, дека лесно ќе го заменат затоа што секој ја сака таа работа – откри еден од анонимните извори.
„Ако сака да има своја емисија што го носи нејзиното име, би требало повеќе да се ангажира за да види што всушност се случува околу неа. Мислам дека продуцентите ѝ велат дека сè е добро, а таа им верува“, откри тој.
Главин, Конели и Ласнер за сето ова официјално се огласија во соопштението за јавноста.
„За време на речиси две децении на емитување, 3.000 епизоди и вработување повеќе од илјада луѓе, настојувавме да создадеме отворено, безбедно и инклузивно работно опкружување. Срцата ни се скршени и жал ни е за секое негативно искуство од нашето телевизиско семејство. Одговорноста за секоја емисија е на нас. Сето ова го доживуваме многу сериозно и сфаќаме дека би требало да учиме да бидеме подобри, да се стремиме да работиме подобро“, стои во изјавата.
Целата приказна ескалираше во април, откако на работниците им биле намалени платите поради избивањето на пандемијата на коронавирусот. Ги вознемирило и тоа што Елен за емитување емисиите од карантинот, односно од нејзиниот луксузен дом, ангажирала надворешна компанија, а не нив самите.
FOTO: Portiaderossi/Instagram