ШЕФ НА ПОЛИЦИЈА „ЈА ДУВНАЛ“ СО 400.000 ЕВРА Корупцијата во Украина урива рекорди
Како одговорно лице, Рибјански имал пристап до запленет имот.
Шефот на една Полициска управа во Киев, Јуриј Рибјански, избегал од своето работно место со повеќе од 16 милиони гривни (400.000 евра) од запленетите средства за кои бил одговорен, објави на Државното биро за истраги (СБИ).
– Ќе го истражиме случајот на злоупотреба на службената должност од страна на еден од раководителите на истражната управа на Полициската управа во Дарница. Иако точната сума сè уште се утврдува во истрагата, според прелиминарните податоци, станува збор за повеќе од 16 милиони гривни – изјави портпаролката на Државното биро за истраги Татјана Сапјан за украинските медиуми.
Како одговорно лице, Рибјански имал пристап до запленет имот. Тој исчезнал денеска и по него е покрената потрага. Истрагата покажала дека исчезнал дел од запленетите средства.