ШАТОРИ ЗА 3.000 ЛУЃЕ И ШПОРЕТИ Русија испрати 36 тони хуманитарна помош за жителите на Туркије

Хуманитарната помош вклучува над 100 зимски шатори со капацитет за по 30 лица и шпорети. Во наредните часови тие ќе бидат испорачани во Малатија, Источна Турција. 

589

Министерството за вонредни ситуации на Русија испрати 36 тони хуманитарна помош за граѓаните на Туркије кои настрадаа во земјотресите, јавија руските медиуми.

„Авион Ил-76 на Министерството за вонредни ситуации на Русија полета со хуманитарен товар за Туркије. По наредба на претседателот и Владата на Руската Федерација, собрани се 36 тони хуманитарна помош за турските граѓани кои настрадаа во разорниот земјотрес“, се наведува во соопштението на Министерството.






Хуманитарната помош вклучува над 100 зимски шатори со капацитет за по 30 лица и шпорети. Во наредните часови тие ќе бидат испорачани во Малатија, Источна Турција.

Поврзани содржини