„ШАРМАНТНО БЕГСТВО“ Колекција на „Kiko Milano“ чии производи мора да ги имате!

Во можеби најубавото годишно време за многумина, „Kiko Milano“ ја претставува својата колекција едноставно наречена „Шармантно бегство“ („Charming escape“), целосно инспирирана од најубавите и најмиризливи италијански предели.

323

Познатиот италијански бренд за декоративна козметика Kiko Milano неодамна ја отвори својата прва продавница во „Ист гејт мол“, а дамите веќе успеаја да си ги пронајдат своите фаворити.

Во можеби најубавото годишно време за многумина, Kiko Milano ја претставува својата колекција едноставно наречена „Шармантно бегство“ („Charming escape“), целосно инспирирана од најубавите и најмиризливи италијански предели.






Истата е олицетворение на сето она што дамите досега го посакувале од есенската козметика, а истовремено, полна со производи за нега на кожата, но и такви кои ќе направат секојдневието да им биде уште поубаво.

Како и досега, така и во оваа колекција, брендот користи сосема иновативни формули во кои се вметнати навидум едноставни и совршени за лицето, состојки инспирирани од најубавата италијанска природа: јаболка, лимони, маслиново масло, листови од етерични дрвја и што уште не.

Од сето ова, создадена е колекцијата „Charming escape“ чии производи при секое користење ќе ве одведат во шармантната Италија благодарение на топлите и природни бои на козметиката, неодоливите мириси и совршеното ексклузивно пакување.

Hydrating Serum Foundation

Комбинирајќи екстракти од јаболка, лимон и грозје, новата пудра со подобрена формула при изработката, ќе го направи вашето лице поубаво од кога и да е. Употребувајќи сосема малку или онолку колку што ви одговара, со овој неодолив производ ќе добиете совршена подлога на вашиот изглед што ќе остане долго, без разлика на авантурите во кои ќе се впуштите.

Radiant Skin Serum

Новиот серум за лице со потпис на омилениот козметички бренд ќе биде вашето тајно оружје за целосно природен изглед на кожата. Создаден од најубавите етерични масла од најмистичните предели на Италија, овој производ на единствен начин ќе ја хидрира и негува вашата кожа, оставајќи ја свежа и сосема здрава.

CHARMING ESCAPE MAXI Eyeshadow Palette

Време е да создадеtе совршен есенски изглед со сензуалните сенки за очи од палетата на новата „Charming еscape“ колекција на Kiko Milano. Уживајќи во можноста да одберете од 12-те неодоливи нијанси што се љубов на прв поглед, почнете од омилените земјени за дива убавина, па сè до нежните розови за секојдневен изглед каков што заслужувате.

KIKO MILANO CHARMING ESCAPE Silky Bronzer

Ниту една дама не може да си го замисли комплетниот изглед без руменило, а токму во оваа колекција на Kiko Milano, ќе го најдете вашето ново омилено. Надополнете го есенскиот изглед со мала доза на розова нијанса на вашите образи и уживајте во секој предизвик!

KIKO MILANO CHARMING ESCAPE Luxurious Matte Lipstick

Веројатно карминот е еден од производите што е задолжително застапен во козметичката торбичка на секоја дама, но денеска, ви го претставуваме најсовршениот од сите. Луксузниот кармин од колекцијата „Charming escape“ направен од состојки што неодоливо потсетуваат на италијанските портокали и маслинови масла, е дефинитивно омилениот производ од оваа колекција. Лесен за аплицирање и неверојатно долготраен, овој кармин есенва дефинитивно ќе ве издвои од толпата.

Сега е ред на вас да го истражите овој сосема нов свет на убавината, но и токму навреме, пред почетокот на празничната сезона, да ги одберете сите омилени производи за вас и вашите сакани. Kiko Milano ве очекува во „Ист гејт мол“!

Поврзани содржини