ШАНСА ЗА ЗАЛАДУВАЊЕ ДУРИ СЛЕДНАТА СРЕДА Продолжува топлиот бран во Македонија
До вторник времето ќе биде многу топло со дневна температура која насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C.
Времето утре, 4 јули, ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурите ќе бидат во интервал од 10 до 40 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен јужен ветер. Температурите ќе бидат во интервал од 18 до 40 степени.
До вторник времето ќе биде многу топло со дневна температура која насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C.
Во недела во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Во среда ќе дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на дневната температура.