ШАНСА ЗА ЦЕНТАР ГИ СОБРА ПОТРЕБНИТЕ ПОТПИСИ Заедно со граѓаните ќе покажеме дека може подобро и поразлично
Иницијативата информира дека на сопствената Фејсбук страна наскоро ќе ги претстави кандидатите.
Граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ успеа да ја добие потребната поддршка за учество на претстојните локални избори со својата листа на кандидати за советници за Општина Центар. Иницијативата ги собра потребните 250 потписи од граѓани за неполни 48 часа.
– Заедно со граѓаните ќе покажеме дека може подобро и поразлично. Нашите кандидати ќе бидат целосно претставени наскоро на нашата Фејсбук страница, која е нашиот главен канал за комуникација со јавноста – велат од Иницијативата.
Носител на советничката листа е Јана Белчева – Андреевска, а целосната листа на кандидати за советници е следна:
1 Јана Белчева – Андреевска
2 Дивна Пенчиќ
3 Јане Димески
4 Владимир Огњановски
5 Биљана Филиповска Тодорчевска
6 Доротеј Нешовски
7 Ангел Мојсовски
8 Светлана Карбевска
9 Наташа Колеќевска Георгиевска
10 Зоран Никодинов
11 Кирил Сотировски
12 Ивана Драгшиќ
13 Дарко Радуловиќ
14 Даница Павловска Циги
15 Ивона Татабитовска Колевска
16 Марија Шишовска Трајковска
17 Милева Златановиќ
18 Божидар Кочоски
19 Гала Насева
20 Тони Левајковиќ
21 Александар Апостолски
22 Петар Бошевски
23 Љубица Иваноска
„Шанса за Центар“ е граѓанска иницијатива која произлезе од поврзувањето на Здравје пред профит со повеќе жители,активисти и експерти од различни областа кои сакаат да го спречат натамошното уништување и да се вложат за подобрување на животот во нашата општина. Како независна граѓанска листа ќе се бориме Центар да добие нова шанса, како општина по мерка на граѓаните, каде политиките се кројат транспарентно и според факти, а квалитетот на живот е појдовен принцип на размислување и делување.