Шамбевски: СДСМ веќе преговара за идентитетот или сака раздор и затоа бега од резолуцијата

Поранешниот амбасадор смета дека резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ е добро структуиран документ.

861

Ме изненадува колебливоста на СДСМ да ја прифати резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ. Прво ја одбија, па ја прифатија, сега повторно најавуваат дека ќе ја одбијат, изјави за дневникот на Сител, Оливер Шамбевски од ВМРО-ДПМНЕ и поранешен амбасадор.

Според него, за ваквото однесување на СДСМ има две објаснувања.






– Прва работа или преговараат за маркерите кои го дефинираат идентитетот, ставено е на маса па го избегнуваат текстот на резолуцијата, или пак се обидуваат и натаму да направат раздор во македонското ткиво и максимално поларизирање. Од нивното доаѓање па се денеска македонското општество никогаш не било пополаризирано. Ако не ја прифатат резолуцијата, тогаш им паѓа во вода дека опозицијата е кочничар. Ова е подадена рака – рече Шамбевски.

Тој смета дека резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ е добро структуиран документ.

– Резолуцијата која ја поднесе опозицијата ако ја погледнете како документ ќе видите дека самата резолуција е многу внимателна по тоа да не предизвика дополнителни поделби внатре во Македонија, но и да ги дефинира клучните позиции од кои што како општество и институции не би смееле да отстапуваме. Точно е дека ги дефинира црвените линии кои понатаму никој не смее да ги помине. Многу е важно да се каже дека оваа резолуција е производ на сомнежот на народот дека идентитетот е загрозен – рече Шамбевски.

 

Поврзани содржини