ШАЛТЕРСКИ РАБОТНИК ПРИСВОИЛ 32.000 ЕВРА Си ги ставал в џеб парите од партиципацијата на пациентите

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Прилеп достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, оценувајќи дека се исполнети законските основи.

260

Шалтерски работник во Прилепската болница присвоил речиси 2 милиони денари зашто не ги пријавувал сите пари кои ги наплаќал од пациентите за партиципација.

Основното јавно обвинителство Прилеп поведе истражна постапка против него за Проневера во службата член 354 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.






Според Обвинителството, во периодот од 01.08.2024 до 30.04.2025 година, осомничениот како службено лице – референт-администратор шалтерски работник во Одделение за материјално финансиско работење во Сектор за материјално финансиски работи при ЈЗУ Општа болница со проширена надлежност „Борка Талески“ Прилеп, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, присвоил пари доверени во службата.

Иако бил должен парите кои ги наплатувал од пациентите на Отсекот за медицина на трудот по основ на партиципација и приватни здравствени услуги да ги предаде на крајот на работниот ден на благајникот на болницата со приложени дневен фискален извештај, потврда од извршена наплата преку пос терминали и каса прими, осомничениот примопредавањето во благајната го вршел со контролни фискални извештаи испечатени кон средина на работното време и не ги прикажувал реално наплатените средства за тековниот ден, а вршел и сторнирање на наплатени парични средства, иако не поседувал потпис и печат од доктор по медицина на трудот. На тој начин за себе прибавил поголема имотна корист во вкупен износ од 1.991.240 денари.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Прилеп достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, оценувајќи дека се исполнети законските основи.

ПРОНЕВЕРА ОД НЕКОЛКУ МИЛИОНИ ДЕНАРИ ВО ПРИЛЕПСКАТА БОЛНИЦА Финансиската полиција уапси едно лице

Поврзани содржини