ШАЛТЕР „СЕЈФ СИТИ“ ВО ЗГРАДАТА НА МТВ Граѓаните од утре ќе можат да коригираат податоци за нивните возила

Граѓаните ќе можат да ги коригираат податоците во случај на промена или доколку добиле известување со неточни информации. Промените ќе можат да се извршат и низ станиците за технички преглед во државата, каде што е распореден деташиран референт на МВР. Исто така, на е-маил адресата [email protected], граѓаните ќе можат да испраќаат забелешки, нејаснотии и прашања, информира МВР.

892

Министерството за внатрешни работи соопшти дека од утре, 17 декември 2025, граѓаните ќе можат да поднесуваат барања за промена на контакт-податоците поврзани со регистрацијата на нивните возила. Постапката ќе се врши на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи во зградата на МТВ во Скопје, секој работен ден од 08:00 до 17:00 часот.

Граѓаните ќе можат да ги коригираат податоците во случај на промена или доколку добиле известување со неточни информации. Промените ќе можат да се извршат и низ станиците за технички преглед во државата, каде што е распореден деташиран референт на МВР.






Воедно, МВР отвори и електронски канал за комуникација. На е-маил адресата [email protected], граѓаните ќе можат да испраќаат забелешки, нејаснотии и прашања поврзани со функционирањето на системот „Безбеден град“.

„Сите пристигнати електронски пораки ќе бидат евидентирани и разгледани според утврдените процедури, со цел унапредување на системот и подобра комуникација со јавноста“, велат од министерството.

Поврзани содржини