Колумбиската пејачка Шакира се пофали дека деновите поминати во изолација ги посветила на образование.
Имено, Шакира завршила курс по древна филозофија на угледниот Универзитет Пенсилванија.
Ова предизвикало одушевување кај нејзините обожаватели, кои ѝ упатиле бројни честитки.
„Штотуку дипломирав на четиринеделен курс по древна филозифија на Универзитетот Пенсилванија. Знам… моите хобија се многу непрактични, но искористив многу часа додека децата спиеја. Ти благодарам Плато и на претходниците за целата „забава“ во текот на изминатиот месец!“, напишала Шакира на Инстаграм, покажувајќи ја дипломата од курсот.