ШАКИРА СРЕДЕ ПАРК НАПАДНАТА ОД ДИВИ СВИЊИ Шетала со осумгодишниот син
Животните ја нападнале, ѝ ја украле чантата и отишле во шумата.
Пејачката Шакира тврди дека била жртва на напад на диви свињи додека шетала во парк во Барселона со својот осумгодишен син Милан, пишува Би-би-си.
Животните ја нападнале, ѝ ја украле чантата и отишле во шумата. Шакира, сепак, успеала да си ја земе торбата назад, но чантата била целосно искината.
Таа го споделила овој неверојатен настан на инстаграм-стори, која повеќе не е видлив. Би-би-си пишува дека таа ја покажала искината торба пред камерата.
– Погледнете што направија од мојата торба дивите свињи, кои ме нападнаа во паркот. Ми ја однесоа торбата во шумата со мобилниот телефон во неа. Сѐ уништија – рекла пејачката.
„Милан, кажи ја вистината. Кажи како твојата мајка се спротивстави на дивите свињи“, додала таа.
Ова не е прв случај на напади на диви свињи во Барселона. Шпанската полиција во 2016 година објави дека имала повеќе од илјада повици за диви свињи кои напаѓаат кучиња, го блокираат сообраќајот или трчаат пред автомобили во градот.