ШАКИРА ОБЈАВИ ЕМОТИВНО ВИДЕО Пејачката му ги бакнува нозете на болниот татко (ВИДЕО)

По раскинувањето на врската со фудбалерот Жерар Пике, која траеше 12 години, таткото на Шакира заврши во болница, што е особено болно за неа.

454

Колумбиската пејачка Шакира оваа година се соочува со низа проблеми. По раскинувањето на врската со фудбалерот Жерар Пике, која траеше 12 години, таткото на Шакира заврши во болница, што е особено болно за неа.

– Деталите за здравјето на татко ми се приватни. Во име на семејството би ги замолила медиумите да го почекаат нашето соопштение пред да објават информации за болеста на татко ми  – изјави Шакира.






Таткото на пејачката беше хоспитализиран во средината на летото поради пад кој му се одрази на моториката, пишува „Хола!“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Shakira (@shakira)


Откако беше пуштен од болница, тој беше повторно примен во средината на октомври. Шакира во неколку наврати објавуваше видеа и фотографии на кои повторно вежба читање со нејзиниот татко.

„Од тебе научивме да стануваме по секој пад. Знаеме дека повторно ќе станеш. Те сакаме“, напиша Шакира.

Музичката ѕвезда денеска објави видео од болница во Барселона каде вежба со својот татко за да му ги подигне нозете. Пресреќна што без нејзина помош успеал да ги спушти и да ги крене нагоре, таа неколкупати му ги бакнала стапалата.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Shakira (@shakira)

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини