Шакира ги продаде правата на своите песни, „Hips Don’t Lie“, „Whenever, Wherever“ и „She Wolf“ не се повеќе нејзини

820

Колумбиската пеjачка Шакира e последна во низата уметници кои ги продаваат правата на својата музика за сума од повеќе милиони долари.

Целиот опус – 145 нејзини песни – вклучително и „Hips Don’t Lie“, „Whenever, Whenever“ и „She Wolf“, се вклучени во договорот.






Песните ја направија најпродавана жена латино-уметник на сите времиња, со продадени 80 милиони плочи во светски рамки.

Договорот е склучен со инвестициската компанија „Хипгнозис сонг фанд“, која исто така неодамна ја купи музиката на Блонди и Нил Јанг.

– Да се ​​биде текстописец е достигнување што го сметам за еднакво, а можеби дури и поголемо од тоа да се биде пејач и уметник. Секоја песна е одраз на личноста во која бев во моментот кога ја напишав, но кога ќе ја види светлината на денот, таа не припаѓа само на мене, туку и на оние што ја сакаат – рече Шакира во изјавата, додавајќи дека и е чест што може да комуницира со други.

Поврзани содржини