Шахпаска: Во четвртиот пакет се опфатени над 283.000 граѓани кои ќе добијат помош
Таа вели дека четвртиот пакет мерки кој е вреден 470 милиони евра, кој ќе обезбеди одржливост на домашната економија и на работните места, закрепнување на погодените сектори, стабилност на социјалните трансфери и поттик на јавната потрошувачка.
На денешната министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска рече дека преку четирите пакети, владата обезбедила конкретна и директна поддршка за македонската економија со единствена цел што е можно полесно и побезболно да се надмине последиците предизвикани од коронакризата.
– Нашата основна задача и цел е да го задржиме секое работно место, да обезбедиме поддршка за ранливите категории граѓани, да обезбедиме иднина и опастанок на компаниите и на македонската економија, особено преку директна поддршка на приватната потрошувачка – вели министерката Шахпаска.
Таа вели дека четвртиот пакет мерки кој е вреден 470 милиони евра, кој ќе обезбеди одржливост на домашната економија и на работните места, закрепнување на погодените сектори, стабилност на социјалните трансфери и поттик на јавната потрошувачка.
– Во овие времиња за државата се приоритет најранливите категории граѓани, оние на кои помошта и поддршката им е најпотребна. Затоа четвртиот пакет, покрај поддршката за секое работно место, обезбедува поддршка за невработените, за социјално ранливите категории, како пензионерите со пониски пензии и самохраните родители – рече Шахпаска.
Економска и социјална сигурност е обезбедена преку платежните картички во вредност од 6.000 денари за 283.000 граѓани и со вкупна вредност од 27,6 милиони евра.
– Вакви картички ќе добијат 5.726 самохрани родители, 182.271 пензионери со примања под 15.000 денари, 85.108 невработени, пасивни баратели на работа кои имаат примања помали од 60.000 денари за последните четири месеци, 520 самостојни уметници кои не оствариле приход помал од 60.000 денари во последните четири месеци, како и 540 студенти кои не беа опфатени со претходните мерки, како и дополнително се обезбедува за ученички и студентски стандард во вредност од 44 милиони денари и од која ќе бидат опфатени 884 студенти и 347 ученици – изјави министерката.
Таа додаде дека оваа криза има само една позитивна страна, а тоа е зајакнување на солидарноста во општеството, затоа што само таа може да не одржи да опстанеме, па затоа никој не треба да биде заборавен и изоставен.