ШАХ, МАТ, ИЛИ ПАТ… ПОД НОЗЕ? Дедо Мраз ѝ помага на Данела да ја совлада нервозата

Инспектори го проверуваат последниот договор за новогодишно украсување на Скопје, за кое, според нивните сознанија, не бил распишан јавен тендер, иако цената е повеќе од 30.000 евра.

1,400

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, чија работа денеска ја проучува Управата за финансиска полиција, неизвесноста од тоа што оваа инспекција ќе го утврди, ја прекратува со играње шах, и тоа со Дедо Мраз.

Во исчекување на резултатите од истрагата за елката“, напиша Арсовска под фотографијата како игра шах со Дедо Мраз што ја објави на својот профил на Фејсбук.






Директорот на Финансиската полиција Горан Иванов поврди дека нивни инспектори го проверуваат последниот договор за новогодишно украсување на Скопје, за кое, според нивните сознанија, не бил распишан јавен тендер, иако цената е повеќе од 30.000 евра.

Во меѓувреме ЛДП покрена иницијатива за распишување референдум за разрешување на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска.

ДВОЈНИТЕ ИЗБОРИ ВО МАЈ ЌЕ БИДАТ ВСУШНОСТ – ТРОЈНИ? Скопјани преку референдум ќе ја менуваат Данела Арсовска

 

Поврзани содржини