Шаќири: Ќе предложиме законски измени во делот на аудиовизуелните медиумски услуги

Шаќири соопшти дека со работа е започната и работната група чија цел е формирање на фонд за поддршка на медиумите и оти во овој фонд ќе бидат вклучени и радијата. 

180

Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири најави дека годинава МИОА планира да предложи законски измени во делот на аудио и аудиовизуелните медиумски услуги.

– МИОА и оваа година планира да предложи законски измени во делот на аудио и аудиовизуелните медиумски услуги, а во процесот ќе бидат вклучени експерти од неколку области со цел да се утврдат потребите и недостатоците во медиумската регулатива. Претстои покомплексен процес бидејќи ќе следи анализа на сите законски области во делот на медиумите, но, исто така и на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги – истакна Шаќири на денешната прес-конференција во Владата, одговарајќи на новинарски прашања.






Шаќири соопшти дека со работа е започната и работната група чија цел е формирање на фонд за поддршка на медиумите и оти во овој фонд ќе бидат вклучени и радијата.

Поврзани содржини