СФАТИЛА ДЕКА Е ИЗМАМЕНА КОГА СНААТА Ѝ СЕ ВРАТИЛА ОД РАБОТА Скопјанка била излажана за 3.000 евра
Таа парите ги оставила на договореното место, а откако нејзината снаа се вратила во домот од работа, таа сфатила дека била измамена, информира Министерството за внатрешни работи додавајќи дека го расчистува случајот.
Скопјанка била измамена за 3.000 евра од маж кој по телефон ѝ рекол дека нејзиниот син и снаа прегазиле дете со автомобил и требало да плати за тие да не лежат затвор, информираше полицијата.
Како што е пријавено, таа парите ги оставила на договореното место, а откако нејзината снаа се вратила во домот од работа, таа сфатила дека била измамена, информира Министерството за внатрешни работи додавајќи дека го расчистува случајот.
81-годишната жена го пријавила случајот на 9 април во 18 часот.