Северна Македонија е мртва, да живее Македонија!
Како понатаму? Пред 140 години почина Карл Маркс – еден од авторите на: „Пролетери од сите земји, обединете се“. Иако можеби звучи излитено, сепак се чини дека зборовите: „Македонци од сите политички провениенции: леви, десни или во центарот, од сите земји, обединете се!“, денес, нам ни се насушно потребни повеќе од кога било.
Македонија веќе се доживува како разнебитена, опустошена, доведена до дното на сите дна држава, додека, пак, македонските владејачки елити немо ги поддржуваат катадневните зулуми, се плашат и да го изустат зборот „Македонија“ – тоа го прават нечујно, на приватни забави, порачуваат дека младите се малцинство и не прават разлика меѓу мултиетничко општество и мултиетничка држава – пишува Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ, во колумна за Нова Македонија.
Денешниов текст ќе го почнам, парафразирајќи го Џим Морисон: „Ова е крајот“ Македонци, „Ова е крајот, мој единствен пријателе, крајот / На нашите разработени планови, крајот / На сѐ што исправено стои…“ – почетни стихови од песната „Крајот“ (The End), но и од почетната сцена на филмот „Апокалипса денес“ (Apocalypse Now). Соочени со сегашната македонска апокалипса и со фактот дека Македонија не можеше да стигне подолу од таму каде што денес се наоѓа: бескрупулозно дивеење и грандиозен башибозук, мислам дека не ни преостанува ништо друго освен да извикаме: „Северна Македонија е мртва, да живее Македонија!“, а притоа да се потсетиме на веќе антологиските стихови: „Негде ќе те премолчат / негде ќе те сокријат / гроб со гроба ќе покријат / Само ти си бесмртна, жива вода подземна / Кај што тонеш ти извираш“.
Како понатаму? Пред 140 години почина Карл Маркс – еден од авторите на: „Пролетери од сите земји, обединете се“. Иако можеби звучи излитено, сепак се чини дека зборовите: „Македонци од сите политички провениенции: леви, десни или во центарот, од сите земји, обединете се!“, денес, нам ни се насушно потребни повеќе од кога било: обединувањето ни е потребно за да опстои Македонија, за да се крене од пепелта на беззаконието и за да оживее. Македонија веќе се доживува како разнебитена, опустошена, доведена до дното на сите дна држава, додека, пак, македонските владејачки елити немо ги поддржуваат катадневните зулуми, се плашат и да го изустат зборот „Македонија“ – тоа го прават нечујно, на приватни забави, порачуваат дека младите се малцинство и не прават разлика меѓу мултиетничко општество и мултиетничка држава. Граѓаните на Македонија си заминуваат не толку од економски причини, туку повеќе поради недостигот oд владеење на правото и продукцијата на изобилство од лукративни владејачки подлизурковци. Ние треба самите да ја доведеме Македонија во ред – никој однадвор нема да ни помогне ниту денес ниту утре, дури ниту тогаш, кога во некоја, најверојатно, далечна иднина, Македонија ќе стане (!?) полноправна ЕУ-членка.
Целата колумна на овој линк.