СЕВЕРНА КОРЕЈА ПОЧНА ДА ПРОИЗВЕДУВА ДРОНОВИ СО ПОМОШ ОД РУСИЈА Ким Јонг Ун сака да развие масовно производство на неколку видови беспилотни летала
Според неименувани извори, иницијативата за производство на беспилотни летала најверојатно претставува остварување на стратешката соработка што беше договорена на средбата помеѓу рускиот претседател Путин и севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун.
Северна Кореја од саботата почна производство на дронови со техничка помош од Русија, јави Јапонскиот јавен сервис (НХК) повикувајќи се на неименувани извори.
Договорот овозможува Северна Кореја да развие и масовно производство на неколку видови дронови во координација со Русија, јави НХК.
Според неименувани извори, иницијативата за производство на беспилотни летала најверојатно претставува остварување на стратешката соработка што беше договорена на средбата помеѓу рускиот претседател Путин и севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун.
Стратешкиот договор помеѓу Русија и Северна Кореја опфаќа трговија, инвестиции, политичка и безбедносна соработка