СЕВЕРНА КОРЕЈА ПЕЧАТИ КУПОНИ И ЈАДЕ ЦРНИ ЛЕБЕДИ Пари нема, границите се затворени

„Месото од црниот лебед е вкусно и е лековито“, објави севернокорејскиот дневен весник Родонг Синмун, кој е во сопственост на владејачката партија.

1,183

Северна Кореја е принудена да печати купони наместо пари, а во недостиг на храна се јаде месо од црн лебед, јавува МИА. Земјата добива хуманитарна помош од Кина, но тоа не е доволно, па Ким Јонг-Ун дал наредба да се зачува секое зрнце ориз. Власта исто така им наложи на училиштата, фабриките и компаниите да одгледуваат риби, животни и украсни птици.

„Месото од црниот лебед е вкусно и е лековито“, објави севернокорејскиот дневен весник Родонг Синмун, кој е во сопственост на владејачката партија.






Оваа недела, севернокорејските државни медиуми ја промовираа потрошувачката на месо од црн лебед како медицински извор на храна, наведувајќи дека ново развиеното индустриско одгледување ќе помогне да се подобри животот на луѓето.

Според јужнокорејски извори, Северна Кореја презема и чекори за повторно отворање на границата со Кина и со Русија во следните месеци, а моментално е затворена поради пандемијата со ковид-19.

Поврзани содржини