СЕВЕРНА КОРЕЈА ГО ЗАБРЗУВА НУКЛЕАРНОТО ПРОИЗВОДСТВО Ким најави ново јакнење на арсеналот

Севернокорејскиот лидер најави дополнително зголемување на капацитетите за производство на нуклеарен материјал, додека меѓународната заедница продолжува да ја следи нуклеарната програма на Пјонгјанг.

0

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун повика на дополнително зајакнување на нуклеарниот арсенал на земјата, вклучително и на, како што навел, „експоненцијално“ зголемување на производството на нуклеарен материјал за оружје, објавија државните медиуми во Пјонгјанг.

Според државната новинска агенција КЦНА, Ким за време на посетата на нов производствен капацитет изјавил дека во последните пет години капацитетот на земјата за производство на нуклеарен материјал за воени цели е повеќе од двојно зголемен и дека тој тренд треба дополнително да се забрза.






Информациите засега не се потврдени од независни извори.

Северна Кореја веќе две децении се соочува со санкции од Обединети нации поради својата нуклеарна програма. Властите во Пјонгјанг тврдат дека нуклеарното оружје е неопходно за заштита од надворешни закани.

Од друга страна, САД, Јужна Кореја и Јапонија оценуваат дека нуклеарната програма на Северна Кореја претставува сериозна закана за регионалната и глобалната безбедност.

Поврзани содржини