СЕВЕРНА ИТАЛИЈА ПОД ВОДА Евакуирани местата долж реката Марзено

Силни дождови ја погодија Емилија-Ромања вчера доцна попладне, а ситуацијата брзо се влоши со доаѓањето на ноќта.

113

Домови се евакуираат во северниот италијански регион Емилија-Ромања, откако бурата „Борис“, која од минатата недела усмрти најмалку 24 лица во централна и источна Европа, го зафати регионот, предизвикувајќи сериозни поплави и свлечишта.

Силни дождови ја погодија Емилија-Ромања вчера доцна попладне, а ситуацијата брзо се влоши со доаѓањето на ноќта.






Градоначалникот на Модиглијани, Џадер Дарди, изјави дека реката „експлодирала“.

– Ситуацијата е многу драматична. Полошо е од 2023 година – рече тој.

Во градот Брисигела, поплавите ги зафатија местата долж реката Марзено. Граѓаните се повикани да ги евакуираат своите домови, а евакуираните ќе бидат сместени во локалното училиште.

На повеќе места во Емилија-Ромања, вклучувајќи ја и Болоња, водостоите се зголемуваат, а локалните власти издадоа наредби за евакуација.

Силно невреме се очекува во наредните 24-36 часа.

Поврзани содржини