Северина (48) веќе неколку месеци се наоѓа во Хрватска, а последните неколку недели ужива на море, за што сведочат и фотографиите кои често ги објавува на својот инстаграм-профил. Пејачката во моментот е на годишен одмор на хрватскиот остров Корчула.
„Летај високо, а нејзиното ново мото е YOLО“, напишала стих од нејзината песна „Магија“ покрај фотографијата.
Северина во минијатурно црно бикини позира на лулашка во морските води, а притоа покажа дека нејзиното тело е во супер топ форма.
И овој пат Северина е без нејзиниот сопруг Игор Којиќ.
Некои обожаватели ѝ искоментираа покрај фотографијата: „Сè е супер, сè е во ред, но без Игор, недостасува“.
Северина, по гласините за разводот, го поминува летото без сопругот, на кого, после четиримесечен молк, му испрати јавна честитка за неговиот 33-роденден.
ФОТО: Инстаграм