СЕВЕРИНА ВО АКЦИЈА Пејачката го отследи Игор Којиќ, но го заследи најзгодниот српски актер (ФОТО)

7,441

Пред нешто повеќе од еден месец, Северина и нејзиниот сопруг Игор Којиќ се отследија еден со друг од Инстаграм, а пејачката, која има повеќе од милион следбеници, не следеше никаков профил.

Сепак, Севе вчера и денеска заследила повеќе од 20 луѓе на Инстаграм. Меѓу нив се кошаркарите Лука Дончиќ и Бобан Марјановиќ, со кои пејачката синоќа се дружела на забавата.






Таа, исто така, заследила и неколку свои долгогодишни соработници, пријателките Ива Радиќ и Петра Грашо, како и актерите Горан Богдан и Христина Поповиќ.

Меѓу славните личности што ги заследила се нашол и српскиот актер Милош Биковиќ, кој неодамна се најде во центарот на скандалот откако поранешната Арина Волошина го нарече егоцентрик и на социјалните мрежи ја опиша нездравата врска со актерот.

Инаку, многумина сметаат дека Милош Биковиќ е најзгоден српски актер.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miloš Biković (@bikovic)

Од светските славни личности, Северина ги заследила Ријана, Мадона и Брус Спрингстин, за кого повеќепати истакнала дека ѝ е омилен пејач.

Потсетуваме, Игор откако ја отследи Северина, го зголеми бројот на профили што ги следи, а меѓу нив беше и името на популарната српска пејачка.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини