Музичката sвезда Северина Којиќ е уапсена вечерва додека возела автомобил за време на полициски час во Нов Белград.
Полицијата запрела БМВ со загрепски таблички, а со проверка е утврдено дека Северина нема дозвола за движење за време на полицскиот час.
Пејачката е запрена вечерва околу 21 часот во близина на трговскиот центар Оков во Белград, пишува српски „Новости“. Таа во моментов е кај судијата за прекршоци.
Минатиот месец полицијата ја затвори во излоација, откако не ги почитувала мерките за внимателност по доаѓањето од Швајцарија.
Според српските медиуми, Северина три пати ја сменила својата изјава, најпрво кажувајќи дека отишла во аптека, потоа ја променила нејзината приказна, па рекла дека само сакала да го паркира автомобилот, како и дека се расправала со сопругот Игор Којиќ.
Српски „Информер“ пишува дека на пејачката ѝ е одредена казна, и дека ќе мора да плати 50.000 динари.