СЕВЕРИНА СО ПРАВО СЕ БУНЕШЕ Откриени 40 пропусти во постапката за старателството
Министерството ги испратило наодите од инспекцискиот надзор до општинското државно обвинителство и до административните совети и директори на Центарот за социјална заштита „Загреб“ и Центарот за специјално старателство. Под лупа, освен судењето и судијката се и Центарот за социјална заштита „Максимир“ и Центарот за специјално старателство.
Се чини дека со право Северина се бунеше на социјалните мрежи и во свое интервју за Х-Алтер „на тапет“ ги стави адвокатката, судијката, но и докторката која му пружала психолошка поддршка на нејзиниот син Александар, сè дур траела драмата околу старателството и тој не се вратил кај мајка му.
За да ги провери обвинувањата кон повеќе институции хрватското Министерството за труд и социјала изврши надзор во кој беа откриени 40-тина пропусти во судските постапки, открива Јутарни. Министерството потоа ги испратило наодите од инспекцискиот надзор до општинското државно обвинителство и до административните совети и директори на Центарот за социјална заштита „Загреб“ и Центарот за специјално старателство.
Под лупа, освен судењето и судијката се и двете институции каде Александар престојуваше: Центарот за социјална заштита „Максимир“ и Центарот за специјално старателство.
„Детето се врати дома“, но сега останува да се бие моралната битка со институциите. Кој кого злоупотребувал во целиот процес? Допрва ќе слушаме и читаме. Откако познатата пејачка проговори за фактот дека многу жени во Хрватска се принудени да молчат и се изигрувани од системот во вакви ситуации, а во корист на нивните сопрузи таа неодамна доби и тужба од нејзиниот Милан Поповиќ.
„Добро утро, екипо! Како започна вашиот ден? Моите утра започнуваат со тужби. Добив уште една тужба од човек кој поднел над 70 тужби. Ќе ги објавувам со тек на време. Френетичната судска парница има своја дијагноза. Главно, тој (Милан) во тужбата ја оправдува судијката која ми го одзеде моето дете. Завчера добив тужба за (моите објави на) Инстаграм. Како вам ви започнува утрото?“, напиша на Инстаграм Северина под фотографијата од тужбата.
Се чини дека сите луѓе кои Северина ги обвини, сакаат да го возвратат ударот во медиумите. Во целата мешаница, влетаа шпекулации дека Северина ѝ се заканувала на судијката Лилјана Клингер преку СМС-пораки во жарот на битката.
Порталот „Национал“ објави дел од пораките за кои тврдеше дека се автентични.
„Би те задавила со раце, бабо“, „Стара грда бабо“, „Ќе седиш и ќе трепериш кривонога, како што јас треперев кога ми го малтретираше детето“, „Стара бабо, викни го донаторот кој те вовлече во проблеми. Едвај чекам да те уапсат и животот да го поминеш како што заслужуваш“, ова се само дел од пораките кои Северина ѝ ги праќала на Лилјана, според порталот.