Северина со јајца го нападнала својот сосед во Загреб, интервенирала и полицијата

Пејачката ѝ рекла на полицијата дека „не знае за какви јајца зборува комшијата“, и дека „ручала на маса со своето семејство“.

1,397

Сосед ја пријавил пејачката Северина Којиќ дека наводно фрлала со јајца кон него, пренесоа хрватските медиуми. Според „24сата-хр“, човекот истакнал дека „јајцата се цеделе по неговата маица и панталони“, по што тој го пријавил случајот во полиција.

Сепак, според истиот портал, Северина при интервенцијата ѝ рекла на полицијата дека „не знае за какви јајца зборува комшијата“, и дека „ручала на маса со своето семејство“.






Но, нејзиниот сосед истакна дека после оваа случка тој се соочил со уште еден проблем.

– Некој ми ги откорна брисачите од автомобилот. Се сомневам кој би можел да биде, но нема да кажам – се доверил на пријателите соседот на Северина, кој живее во Козјак, Загреб, каде што живее и пејачката.

Поврзани содржини