Северина „се жали“ од карантинот: Се здебелив седум килограми ФОТО+ВИДЕО

1,661

Северина Којиќ се наоѓа во Белград, каде е Милан Поповиќ со нивниот син, Александар. Таа го поминува времето во куќата на неговиот свекор Драган Којиќ Кеба, а за време на викендите од дневната соба им се јавува на своите фанови.

Едночасовната емисија која се емитува во живо на Инстаграм ја нарече СеВеТeВе, а во емисијата со своите обожаватели споделува детали од својата секојдневна рутина и разговара со голем број  познати личности.






Таа исто така сподели рецепт за пита со компир што самата ја направи пред камерите и откри дека карантинскиот живот има последици по нејзината фигура.

„Сите вие тука ми праќате бројни срца, кои навистина ми ја исполнуваат душата, но исто така треба нешто за да ми го наполни и стомакот. Покрај мојата душа, треба да се наполни и стомакот. Јас се здебелив седум килограми, што е многу добро за мајка ми и за сите вие што велите дека сум била слаба“, рекла таа.

Претходно, таа им покажа на фановите како да ја одржува линијата додека ја чисти куќата, а на оние кои ја нападнаа затоа што вежбаше во влечки и фустан, Северина им порача дека одамна знае дека трева не никнува каде застанува нејзината штикла.

 

 

 

Поврзани содржини