Северина се сели на имотот на своето ново момче, а сè уште е во брак со Којиќ ФОТО

3,900

Хрватската поп-пејачка Северина Којиќ ќе започне да живее заедно со нејзиното момче, винарот Томислав Воштиниќ. За почеток, пејачката ќе пренесе дел од своите предмети на неговиот имот во Иваниќ Град, каде повремено ќе оди и ќе поминува по неколку дена за да види како тие двајцата ќе функционираат заедно, пишува „Пресмедиа.ба“,.

Од кога се дозна дека популарната Сплиќанка е во врска со производителот на вино, многумина се прашуваат што се случи со нејзиниот брак со Игор Којиќ. Се шпекулира дека сопружниците не се во добри односи, а во прилог на тоа зборува и фактот дека не се виделе речиси една година. Во меѓувреме, Северина си најде ново момче со кое го помина целото лето, а очигледно наскоро планираат и да живеат заедно.






Извор близок на пејачката вели дека таа поминува многу време на Граберје Ивановачки каде што Томислав има имот и винарија, како и дека патувале заедно ова лето и биле видени како крстарат по Јадранот. Бидејќи нивната љубов цвета, двајцата разговарале да ја подигнат врската на повисоко ниво, па Воштиниќ предложил да започнат да живеат заедно. Знаејќи дека нејзината ситуација е комплицирана – дека таа сè уште е мажена за Којиќ, како и дека не е сигурна по прашањето за да се пресели кај него, тој ѝ дал идеја со тоа да започнат полека. Ова значи дека таа постепено би ги пренесувала работите, како и дека ќе продолжи да оди во Загреб и да престојува во нејзиниот стан затоа што има многу работни обврски.

Тој предлог и се допаднал на Северина, па одлучила да се обиде, а идејата им се допаднала и на нејзините пријатели. Како што вели соговорникот за „Пресмедиа.ба“, Томислав е многу добар и внимателен кон пејачката, тој ја почитува, а нејзе многу ѝ се допаѓа неговото друштво. Тој додава дека нема да ѝ биде тешко да се пресели кај него, бидејќи таа е речиси постојано на имотот, а ужива и во природната средина, тишината и мирот, оддалеченоста од градот и метежите.

Уште минатата година се пишуваше дека Северина е во врска со производителот на вино, но двајцата ја демантираа таа информација. Само неколку дена подоцна, хрватските медиуми објавија дека пејачката е видена на крстарење со Томислав ова лето, но дека таа го претставила како нејзин телохранител за никој да не се сомнева дека се заедно. Во меѓувреме, таа избриша одредени фотографии со Којиќ што ги имаше на Инстаграм, што го направи и тој.

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

FOTO: Instagram

Поврзани содржини