Хрватската пејачка Северина Којиќ се огласила откако вчера двајца провалници влегле во нејзиниот стан и ја ограбиле. При грабежот, крадците ја врзале куќна помошничка на Северина.
Вчера пред станот на Северина во Загреб владеела опсада, кога шест полициски патроли дошле поради провалата во станот на пејачката.
Украдени се неколку вредни материјални работи, но, како што рекла Северина, најлошо за неа е тоа што пред неколку години ѝ го „украле детето“, и дека овој грабеж не е ништо во споредба со тоа.
– Ова денес… Разбирате дека не можам да кажам ништо. Нека бидат сите, пред сè, живи и здрави. Секако, некои украдени работи имаат, пред сè, сентиментална вредност за мене, но со тоа полесно ќе се справам. Мене ми го „украдоа детето“, тоа е најлошото нешто што ми се случило. Предметите имаат вредност, но тие можат да се надоместат, изгубеното и украденото време без моето дете не може никогаш да се надомести – рекла Северина.