Хрватската пејачка Северина Којиќ синоќа околу 21 часот била приведена бидејќи во Белград излегла со својот автомобил и го прекршила полицискиот час.
Северина била запрена во близина на трговскиот центар Оков во Белград,
Пејачката била приведена од страна на српската полиција и добила казна од 50.000 динари (околу 26.000 денари), која веднаш ја платила.
По шокот и излегувањето од полициската станица Северина објасни сѐ.
– По наредба на судија, ќе ми се суди по скратена постапка, а за овој прекршок предвидена е парична казна од 50.000 до 150.000 динари. Ако го повторам ова дело, казната ми е затвор. Ова нема да ми се повтори – изјавила пејачката, пренесува порталот „Аваз“.
Наводно, Северина ги менувала исказите и прво рекла дека тргнала кон аптека, потоа дека излегла да го препаркира автомобилот, а некои српски медиуми тврдат дека имала кавга со сопругот Игор Којиќ и излегла на воздух.