Северина се јави од самоизолација: Им се извинувам на моите соседи
Исто така, Северина им се заблагодари на сите на поддршката и тоа што се грижат за неа.
Хрватската пејачка Северина пред една недела откри дека има коронавирус, а сега на друштвените мрежи сподели како го поминува времето во изолација.
– Времето во самоизолација главно го поминувам, разгледувајќи во мобилниот, полека средувам по дома, малку читам, страсно гледам серии… и танцувам! Така сакам да танцувам што им се извинувам на соседите понекогаш на гласната музика. Клубовите се завторени по полноќ. Тоа го почитуваме! Но тоа не ве спречува (како и мене) да тануцувате каде и да бидете… Брет Пит полуди… П.С. Ве сака вашата Севе од тука до Токио и назад – напиша пејачката под снимката од регионалната турнеја.
Исто така, Северина им се заблагодари на сите на поддршката и тоа што се грижат за неа.
– Мили мои, не знам како на сите да ви се заблагодарам на неверојатната грижа. Не стигнувам да одговорам и да се заблагодарам на сите, понекогаш мора и да се одалечам од телефонот. И натаму сум добро – напиша Севе.
Потсетуваме, откако доби позитивен тест на коронавирус, Северина вели дека никој кој е заболен од ковид-19 не треба да се стигматизира без оглед на тоа како ја добил, но повика и на одговорност и на луѓето кои се заразени.