СЕВЕРИНА ПРОЗБОРЕ ЗА СТАРАТЕЛСТВОТО „Ме малтретираа 9 години, ако кажете нешто одма ви го одземаат…“ ФОТО
Сесрдно ќе им помогнам на сите „Лаури“ во Хрватска, како што ги нарекува новинарката Јиндра. Тие жени се плашат да го кажат своето полно име и презиме, заплашени од системот што им го забранува тоа, бидејќи тоа е „за доброто на децата“. Ако кажете нешто – тие ви го одземаат детето, напиша Северина на Инстаграм.
Девет години била малтретирана и заплашувана дека нема да го добие назад својот син Александар, а сега конечно проговори за тоа на Инстаграм и порача дека ќе им помогне на сите жени во Хрватска кои се соочуваат со истото. Пејачката Северина одново ја шокира јавноста, признавајќи низ што минала за да остане мајка, а според нејзините зборови во Хрватска постои систематско замолчување и заплашување на жените во ваквите судски постапки, пишува Нет.
View this post on Instagram
Да се потсетиме, Северина Вучковиќ (49) неодамна се избори за старателството над својот син Александар Поповиќ, а сега ја најде храброста да проговори за тоа:
„Ѓаволот е во „малите уши“, а излезе преку интервју на порталот Х-АЛТЕР, кое го направи истакнатата новинарка на ХРТ, Јелена Јиндра, која веќе неколку месеци објавува приказни за жени (над 100-тина), кои се систематски заплашувани од хрватските институции дека ќе им ги одземат децата. Интервјуто е долго колку и ова мое реалити-пеколно-шоу кое трае девет години, а кое јас би го нарекла „Деветти круг на судскиот пекол“ – напиша Северина на Твитер, а потоа продолжи:
„Тоа беше како комбинација од драма и криминално-психолошки трилер, ама со вистински ликови. Има и малку фантастика. Имено, тоа тие го прават да биде фантастично и подмолно. Но, не како шармантните криминалци на кои сме навикнати во филмовите. Тие се лоши момци кои баш и не ги сакаме кога ќе ги видиме. Како тетка Лидија од „Приказната на слугинката“.
„Ова е приказна за една мајка (иако, според тоа како се однесуваа актерите – можеме да ја наречеме и „Басна за една мајка“), која 9 цели години систематски, систематски … ја малтретираат.
„Мојот живот има поинаква смисла по овие приказни, вклучително и мојата приказна. Сесрдно ќе им помогнам на сите „Лаури“ во Хрватска, како што ги нарекува новинарката Јиндра. Тие жени се плашат да го кажат своето полно име и презиме, заплашени од системот што им го забранува тоа, бидејќи тоа е „за доброто на децата“. Ако кажете нешто – тие ви го одземаат детето. А потоа следи пекол … За оние кои не сакаат хорор и трилери – „Има ѓавол во малото уво“, напиша Северина.