📷 СЕВЕРИНА ПРОШЕТА ВО ЕЛЕГАНТЕН СТАЈЛИНГ ВРЕДЕН 7.000 ЕВРА Хрватската пејачка ја споредија со Кејт Мидлтон
Хрватската пејачка Северина Вучковиќ објави нови фотографии на социјалните мрежи, а нејзиното елегантно издание привлече големо внимание.
Хрватската пејачка Северина Вучковиќ објави нови фотографии на социјалните мрежи, а нејзиното елегантно издание привлече големо внимание. Пејачката носеше светло син фустан со изразена бела јака и ситен цветен дезен.
Овој фустан, кој е изработен од свила, напред се закопчува со црно-златни копчиња, а потсетува на моделите кои често ги носи принцезата од Велс, Кејт Мидлтон. Инаку, фустанот го дизајнирала Алесандра Рич, една од омилените дизајнерки на Кејт.
Цената на овој фустан е 2.150 евра, а Северина го искомбинирала со мала црна чанта „Леди Диор“ чија цена е околу 5.000 евра и бели чевли со високи потпетици.
View this post on Instagram
„Секогаш е супер облечена“, „Најдобро облечена жена“, „Фустанот е супер, сакам ретро“, „Вистинска дама“, се само дел од коментарите.
Северина често ја изненадува јавноста со изборот на облека. Таа неодамна објави нови фотографии на Инстаграм и ги воодушеви обожавателите со својата облека.
„Сè поблиску до плоштадот Свети Марко“, напиша таа во описот на објавата.
Пејачката за прошетка низ град се одлучила за елегантен розов аутфит. Таа носи блејзер и здолниште на кое на рабовите има додаток од проѕирна ткаенина слична на тул. Цената на нејзините чизми на официјалната веб-страница е 704 евра.
View this post on Instagram