Пејачката Северина Којиќ (48) добила уште еден кривична пријава, и тоа затоа што наводно не го предала детето на старателот, односно на својот поранешен партнер Милан Поповиќ (54), пишува српски „Курир“.
– Во врска со вашето телефонски повик, можеме да ве известиме дека е точна информацијата дека денеска во службените простории пристапи маж кој поднел кривична пријава. Целата собрана документација и пишаните документи, како и кривичната пријава, ќе бидат доставени за натамошно постапување до надлежното Општинско државно обранителство во Сплит – одговориле од сплитската полиција.
Северина наводно поради Поповиќ повикала полиција.
– Од страна на женска личност побарано е доаѓање на полиција, полицијата дошла на местото на настанот, но немало потреба за постапување – рекле од сплитската полиција.