СЕВЕРИНА ПОВТОРНО СО БРЕГОВИЌ Што се крие зад заедничката фотографија? (ФОТО)
Изгледа дека Северина на новиот албум повторно соработува со Горан Бреговиќ.
Хрварската пејачка Северина Вучковиќ позирала со продуцентот Филип Милетиќ и менаџерот Томица Петровиќ, а со нив во студио седел и Горан Бреговиќ.
„Три мускетари“, напиша Северина во описот на фотографијата и јавноста коментира дека Бреговиќ ќе биде еден од авторите на нејзиниот нов албум, кој обожавателите со нетрпение го очекуваат.
View this post on Instagram
По тој повод, многумина се сетија на албумот на Северина „Здраво Маријо“, кој таа го работеше со Бреговиќ во 2008 година.
Северина на промоцијата се појави како невеста без младоженец, а во улогата на кум беше самиот Бреговиќ.
Се уште не се знае дали Бреговиќ работи само на една песна или станува збор за поголема соработка.
Потсетуваме, Бреговиќ беше продуцент и мнозински автор на албумот на Северина „Здраво Маријо“ од 2008 година. На него беа објавени десет песни, а омилени на балканската публика ѝ беа „Гас, гас“, „Триесетти“, „Здраво Маријо“, „Гаде“ и „Хаљиница боје лила“.
Според податоците на Хрватското дискографско здружение, албумот бил четврти на листата на најпродавани во Хрватска во 2008 година. Исто така, бил и најпродаваниот хрватски албум од женски изведувач.
ФОТО: Инстаграм