Хрватската пејачка Северина Којиќ (49) и нејзиниот поранешен партнер, српскиот бизнисмен Милан Поповиќ (56) со години се борат околу старателството над нивниот син Александар. Вчера, 7 јуни, се одржало ново рочиште во судот во Сплит, кое траело повеќе од два часа.
Имено, Северина Којиќ и Милан Поповиќ пристигнале одделно во окружниот суд во Сплит, на рочиштето на кое се одлучувало за старателство над нивниот заеднички син, и за тоа со кого момчето понатаму ќе живее.
Поповиќ не дал изјави, а Северина се надева дека ќе го гледа својот син почесто од секој втор викенд и половина од празниците, колку што сега има право, според судската одлука.
– Mногу сум тажна. 20 месеци моето дете е без мајка и јас сум без детето под многу невообичаени околности, но верувам во правдата и се надевам дека сè ќе биде во ред – рече Северин пред судот за Дневникот на хрватската „Нова ТВ“.
Со неа во судот се појави и нејзиниот адвокат Мате Матиќ, кој дал кратка изјава пред судот:
– Одлуката е завршена, повеќе никакви докази нема да се презентираат. Тие го заклучија рочиштето и одлуката ќе следи во одреден временски период, дали е тоа еден месец… – изјавил адвокатот на пејачката Мате Матиќ.
Да потсетиме, Северина Којиќ го загуби спорот со Милан Поповиќ околу старателството над нивниот син Александар. На 28 ноември 2019 година, во Општинскиот граѓански суд во Загреб, судијката Теа Голуб донесе привремена мерка со која таа одлучи дека детето треба да живее со неговиот татко Милан, кој самостојно ќе се грижи за здравјето и образованието на детето.
Таа мерка е во сила оттогаш, а во текот на изминатиот период, Северина неколкупати јавно се жалеше на одлуката, нагласувајќи дека таа е „срамна“.
Извор: Вечерње новости.хр