СЕВЕРИНА ПОКАЖА КАКО ГО ПОМИНАЛА ВИКЕНДОТ Повторно е со згодниот Србин (ФОТО)
На фотографијата со неа е и маж чие лице е скриено со капа, но ознаката (тагот) откри дека станува збор за нејзиниот соработник.
Хрватската пејачка Северина на Инстаграм покажа како го поминува викендот и ги воодушеви фановите.
„Викенд во природа“, се пошегува пејачката со фотографија од студиото. На фотографијата со неа е и маж чие лице е скриено со капа, но ознаката (тагот) откри дека станува збор за нејзиниот соработник, музичкиот продуцент Филип Милетиќ, со кој во последно време многу се дружи.
View this post on Instagram
Инаку, Милетиќ деновиве го заклучи својот инстаграм-профил за јавноста, откако фановите почнаа да дебатираат дали меѓу него и Северина има нешто повеќе од само пријателство и соработка.
Милетиќ ѝ ги напиша најголемите хитови како „Бред Пит“ и „Италијана“. Отсекогаш биле блиски, но по разводот не се одвојуваат, пишуваат хрватските медиуми.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм