Северина побарала и ќе добие минималец од државата

541

Во Хрватска в понеделник ќе биде објавен списокот на компании кои бараат исплата на минимална плата, конечниот број е околу 87.000 компании, занаетчии и самостојни професии за приближно 470.000 работници, што е конечен список за март, пишува „Вечерњи.хр“.

Сите работодавци ќе добијат или веќе добиле 3.250 куни (430 евра) за секој пријавен работник. Откако е заклучена листата за март, пристигнале и околу 5.000 нови барања кои во мерката се вклучуваат од април, кога државна






Неофицијално, дознава „Вечерњи“, на списокот се наоѓа и Северина, која се води како самостојна професија, ѝ паднал приходот за повеќе од 20 отсто па таа побарала помош од државата за исплата на платата. Со оглед на падот на приходите, славната пејачка го исполнила основниот услов за државна поддршка.

 

Поврзани содржини