🎥 СЕВЕРИНА ОБЈАВИ СНИМКА ОД МАЈКА Ѝ ОД КОНЦЕРТОТ ВО ЗАГРЕБ „Јас сум сè уште твојата малечка“
- На мојата мајка. Јас бев твоето мало девојче... и сè уште сум - напиша Северина покрај снимката од нејзината мајка Ана на еден од нејзините два концерти во Арена Загреб.
Северина објави снимка од нејзината мајка Ана на еден од нејзините два концерти во Арена Загреб. Таа на својата мајка ѝ ја посвети песната „Далматинка“, а таа од трибините со нејзината пријателка пееше на глас со својата ќерка.
– [На мојата мајка] Јас бев твоето мало девојче… и сè уште сум – напиша Северина покрај снимката.
View this post on Instagram
– Толку сум среќна што го фатив овој момент на гордата мајка на Северина синоќа што не можам да ви го опишам. Жената што роди легенда, не само музичка, туку и борец во нејзиниот приватен живот, како и борец за вистината, правдата и човековите права, ја гледа својата ќерка во преполната Арена, која ѝ ја посвети оваа песна неколку моменти претходно. Трогателен момент – напиша претходно Ника Паиќ, авторка на снимката.