📷 СЕВЕРИНА ОБЈАВИ НЕРЕАЛНИ ФОТОГРАФИИ ОД ОДМОРОТ НА МАЛДИВИ Пејачката го покажа згодното тело!

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ (52) на Инстаграм сподели дека заминала на одмор на Малдиви, а во објавата се пофалила со фотографии од плажа, воодушевувајќи ги своите следбеници.

1,040

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ (52) на Инстаграм сподели дека заминала на одмор на Малдиви, а во објавата се пофалила со фотографии од плажа, воодушевувајќи ги своите следбеници.

Северина објави серија фотографии од одморалиштето на кои позира во прекрасни стајлинзи на плажа. На првата фотографија таа се појави во црн комплет со изрез кој ги истакнал нејзините стомачни мускули.

 






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)


Покрај тоа, таа објави фотографии на кои позира во црно бикини и црни шорцеви и шешир, а потоа во сиво бикини со светки и мрежесто парео, а за само два часа собра повеќе од 12.000 лајкови.

Северина на 52 години покажа неверојатно тело, на кое може да ѝ позавидат двојно помлади колешки.

Да потсетиме, откако Зоран Милановиќ го победи Драган Приморац во вториот круг од претседателските избори во Хрватска, Северина на Инстаграм му честиташе на Милановиќ.

„Среќен Милановиќ на сите што слават!“, напиша таа во првата инстаграм-приказна. Потоа, таа сподели уште една приказна со победничкиот говор на Милановиќ. „…и ним исто така“, напиша таа покрај видеото на кое Милановиќ им се заблагодарува на гласачите и членовите на ХДЗ што гласале за него.

 

Поврзани содржини