Северина објави фотографија со Игор, еве што му порача ФОТО

6,808

Хрватската пејачка Северина Којиќ изненади многумина со својата последна објава на Инстаграм. Пејачката објави фотографија со својот сопруг Игор Којиќ по написите за разводот и сè погласното шепотење дека двојката воопшто не се гледа.

Северина му честиташе роденденот на Игор.






„На ова прекрасно машко суштество Игор Којиќ среќно впловување на 33 свртувања! Среќно, љубов“, напиша Северина.

Да потсетиме, парот имаше јавни несогласувања на Инстаграм кога накратко престанаа да се следат еден на друг на Инстаграм. Потоа, Северина ги обвини родителите на нејзиниот сопруг дека се мешаат во нејзиниот брак. Последниве неколку недели, Северина времето го поминува во Сплит, а Игор е во Белград.

Нивната последна заедничка фотографија пејачката ја објави во април, кога ја прославуваа годишнината од нивната врска.

Двојката не е видена заедно во јавноста откако го напуштила Белград, откако беше приведена  во полиција поради кршење на полицискиот час.

 

FOTO: Instagram

Поврзани содржини