📷 📽 СЕВЕРИНА НАПРАВИ ЛУДА ЖУРКА ЗА 52. РОДЕНДЕН Пејачката скокајќи го крена сребрениот фустан и ги покажа извајаните нозе
Хрватската пејачка Северина Вучковиќ, која зад себе има доста турбулентен период, викендов го прослави својот 52 роденден.
Хрватската пејачка Северина Вучковиќ, која зад себе има доста турбулентен период, викендов го прослави својот 52 роденден.
На само неколку дена пред прославата таа призна дека се бори со опасна бактерија, но дека тоа нема да ја спречи лудо да се забавува. Севе со своите најблиски го обележала роденденот во еден луксузен ресторан, а сега дел од атмосферата се појави и на социјалните мрежи.
Северина во мини сребрен фустан скокала и играла на музиката, а потоа ги дувала свеќите на огромната црвена торта во форма на срце.
@_severina_vuckovic 🥳 #severina #birthday #party #zagreb #fy #fyp #viral #viralvideo #fypシ ♬ original sound – Severina
Северина не ја симнувала насмевката од лицето, а извела настап на песна од Лепа Брена, скокајќи, пеејќи, но и го кренала сребрениот фустан и ги покажала облините и извајаните нозе.
Северина на својот инстаграм-профил се пофали со честитките на своите најблиски, а најважните роденденски честитки ги доби од својот син Александар и од својата мајка.