СЕВЕРИНА МАЛКУ СЕ ОПУШТИЛА Пејачката заводливо танцува на познатата руска песна (ВИДЕО)

Северина викендов се забавуваше на роденденската забава на нејзината блиска пријателка Ведрана Васиќ во популарниот загрепски клуб.

1,473

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ на својот инстаграм-профил објавила видео во кое танцува на руската песна „Калинка“ додека се забавува на роденденската забава на нејзината драга пријателка.

Северина викендов се забавуваше на роденденската забава на нејзината блиска пријателка Ведрана Васиќ во популарниот загрепски клуб „Минт“, а дел од атмосферата сподели и на својот инстаграм-профил.






„Калинка Малинка“, напишала Северина со објавеното видео во кое и самата заводливо танцува на традиционалната руска песна. Пејачката носела портокалов фустан, а косата ја пуштила во нежни бранови, за што добила бројни комплименти.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

„Браво Севе, прекрасна си, танцувај и весели се, не дозволувај никогаш да те скршат“, „Од Русија со љубов“, „Весела песна за добро да се изнаиграш“, „Севе е слатка како шеќер како девојче кога скока и танцува“, „Топ танцување“, „Северина како девојче“, „Прекрасно, заедно со Северина“, „Прекрасна Северина“, „Леле фустанот и танцот“, „Генерацијо врв“, „Браво Севе“, „Супер, уживај Севе“, ѝпорачаа нејзините фанови, а видеото за само еден ден го погледнале повеќе од 200.000 луѓе.

Северина покрај тоа објави и фотографија од прославата на која присуствувале покрај Северина и манекенката и претприемачка Љупка Гојиќ Микиќ, фотографката Соња Дворник, славеничката Ведрана и нејзините драги пријатели.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини