📷 СЕВЕРИНА КОНЕЧНО ГО ПОКАЖА ЛИЦЕТО НА СИНОТ Александар цел на мајка му!
Како и секоја мајка, хрватската пејачка Северина Вучковиќ сака да споделува фотографии со својот син Александар на социјалните мрежи.
Како и секоја мајка, хрватската пејачка Северина Вучковиќ сака да споделува фотографии со својот син Александар на социјалните мрежи.
Меѓутоа, на нејзините обожаватели им е добро познато дека таа редовно го крие лицето на момчето, а таа во повеќе наврати изјави дека не ѝ е дозволено да го покаже својот син.
Нејзините обожаватели редовно оставаа пораки за поддршка под фотографиите на кои таа го покриваше лицето на Александар со емотикон или го сликаше одзади.
„Толку многу убавина и тага на една фотографија. Каква шугава држава и судство“, „Единствената мајка во Хрватска на која не ѝ е дозволено да ја покаже својата љубов“. „Срам да ви е, институции“, „Каква срамота од страна на државата кога на сопствената мајка не ѝ е дозволено да го покаже лицето на сопствениот син“, „Да не можеш да го покажеш своето сонце“, „И низ ова бело срце ги гледам очите и насмевката на мајката“ и „Џабе и се забранети објавите кога сите знаеме дека е копија од својата мајка“, се само некои од бројните коментари.
Но, овој пат, пејачката ги изненади своите обожаватели со фотографија на која гордо го покажува својот син без да го крие.
„Мој убав ангел…“ напишала Северина покрај фотографијата со својот син и ги додала своите вообичаени хаштагови „го сакам тоа што се сакаме“ и „љубовта се враќа со љубов“.
View this post on Instagram
Притоа, Северина откри дека се наоѓаат на Корчула.
Обожавателите брзо ја опсипаа со среќни коментари, а многумина коментираа дека младиот Александар е ист како својата мајка мајка.
„Како со пегла пресликан на својата мајка“, „Конечно, мајка може да објави фотографија со својот син без да му го покрие лицето“. Голем си, Господи, нема посилна сила од мајчината љубов“, „Го родила мајка му, цел на мајка“, „Тој е копија на својата прекрасна мајка“, „Прекрасни сте, колку убав изгледа како мајка му“, „Преслатки сте, а тој е ист ти“, се ределел коментарите.